По појавата на коронавирусот, на Факултетот за ветеринарна медицина започнаа и со тестирање на вирус кај животните, по што потврдени се неколку случаи на говедски коронавирус. Граѓаните не треба да стравуваат од овој вирус којшто не не е поврзан со Ковид 19, вели за „Фокус“ проф. д-р Кирил Крстевски, од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.
Тој објаснува дека исто како и кај луѓето, започнале со истражување откако во светот се појавиле случаи на заразени домашни миленици со корона вирус. Корона вирусот за нив не е непознат, бидејќи се појавувал сезонски кај одредени животни, предизвикувајќи респираторни и дигестивни проблеми кај говедата.
Крстевски, од Факултетот за ветеринарна медицина и претходно за ТВ21 препорачува луѓето кои што се заболени и имаат миленичиња, да ги лимитираат своите контакти со домашните животни и да ги третираат како било кој друг член од своето семејство. Не заради друго, туку затоа што тие може да бидат инфицирани од вирусот.