0
Три земјотреси се регистрирани во Македонија ноќеска.
Најсилниот со јачина од 3,2 степени бил во околината на Гевгелија, според Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот бил со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го почувствувале и жителите на Дојран.
Неколку минути подоцна во истиот регион бил почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Десетина минути подоцна, земјотрес бил почувствуван и во северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.