Популарниот бенд ,,Црвена јабука” за време на викендот имаше настап во ноќен клуб во Скопје.
Бендот кој опстојува на сцената повеќе од 40 години и кој е еден од најпопуларните на екс Ју просторите, секогаш ги распродава своите концерти. Во публика на нивните настапи има од сите генерации, а нивните хитови, од кои некои датираат дури и од пред повеќе децении, се пеат во еден глас.
По гостувањето во Скопје, членовите на бендот велат дека во Македонија секогаш си поминуваат најубаво и се дочекани со искрени емоции.
Посебно се воодушевени од нашата традиционална кујна.
-Пинџур, сирење, плескавици, пишии, и секако жолта ракија. Секогаш ни е убаво овде, дочекани сме преубаво – раскажуваат.
Бендот имаше настап во земјава и во септември, на градскиот плоштад во Неготино, за време на општинската манифестација Неготинска музичка вечер. Тогаш го урнаа рекордот на посетеност во градот, а нивниот концерт го следеа и луѓе од околните општини.
По концертот за ,,Фокус” раскажаа дека се трогнати од дочекот со силни емоции, од масовната посетеност, но и поради тоа што толкава маса на луѓе ги знаела стиховите на сите нивни песни.
Вики Клинчарова