Во мај ќе се отворат вакцинални пунктови во спортските сали во Велес и Прилеп

by Fokus

Вакцините „Синофарм“  најдоцна  во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, како и во Куманово, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, исто така во спортските сали, според распоредот на веќе пријавени граѓани. Пунктови во спортски сали ќе се отворат и во Велес и Прилеп.

Во градовите кај што има спортска сала како пункт за масовна вакцинација следната недела ќе работи и салата и пунктот во здравствениот дом согласно распоредот којшто е веќе даден за постарите граѓани.

-Следната недела во градовите кај што има и сала и пункт во здравствен дом ќе функционираат двата пункта Ќе видиме како тој систем ќе се одвива и доколку видиме дека може да се сконцентрира се на едно место тогаш ќе останат да функционираат само спортските сали, односно пунктовите за масовна вакцинација. Сите граѓани од целиот тој регион околу тие пунктови ќе може да дојдат,  така ќе бидат и закажувани. И за Велес и за Прилеп во втората половина на мај ќе се отворат пунктови во спортски сали“, рече денеска министерот Венко Филипче.

Поврзани новости