Во Лондон прва британска улица без возила на бензин

by fokus

Бич стрит во Лондон, од крајот на март 2020 година ќе стане првата британска улица по која ќе биде забрането да минуваат возила со мотори со внатрешно согорување.

„Сити оф Лондон корпорејшн“, која управува со финансискиот центар во британската престолнина, работи со градската сообраќајна администрација на утврдување на последните детали, по што, на пролет, во улицата ќе бидат забранети возила кои користат бензин или дизел. Исклучок ќе бидат само возила за Итна помош, одредени хибридни автомобили, возила за собирање смет и за достава.

Поврзани новости