449
Непознат маж е застрелан од полицијата во белгискиот град Гант, откако претходно избоде двајца случајни минувачи.
Напаѓачот е погоден во раката и потоа уапсен. Еден од минувачите е повреден во стомакот, а другиот во рака, но не е познато во каква состојба се наоѓаат.
– Истрагата е во тек, ќе дадеме информација подоцна, изјави јавен обвинител.
Инцидентот се случува само неколку часа по терористичкиот напад во Лондон, каде, напаѓач беше убиен од полицијата откако претходно избоде со нож две лица во лондонската област Стритхем.