614
Во атарот на село Лојане, општина Липково, изутрина околу 6:30 часот полициски службеници откриле 52 илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце.
Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје, а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата.
МВР посочува дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.