Полицијата на Косово попладнево соопшти дека странска државјанка загинала во зимскиот туристички центар „Брезовица“ на косовската страна на Шар Планина.
Оттаму велат дека жената, за која се вели дека е странска државјанка, но не се наведува земјата на нејзиното потекло, загинала во ски-центарот како последица на снежна лавина на местото наречено „Орловско гнездо“.
Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац – Канун Весели рече дека жртвата е жена на 54-годишна возраст, а потрагата по неа продолжува.
„На 13.02.2024 година околу 15:35 часот добивме информација дека едно лице се сомничи дека починало додека скијало во ски-центарот во Брезовица, на местото наречено „Орловско гнездо“. Се претпоставува дека причина за инцидентот е лизгање на снежна лавина. Полицијата и спасувачките екипи се таму и навреме ќе ве известиме за повеќе информации. Жртвата е жена, странска државјанка, на возраст од околу 54 години“ – рече Весели.