Во зградата на поранешните општествено-политички организации (Комитет) во Куманово денеска се оддржа Основачко Собрание на политичка партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија, а на настанот присуствуваа поддржувачи од целата држава, објави актуелниот градоначалник на општина Куманово – Максим Димитриевски.
Според информациите, за дел од работното Претседателство избрани се проф. др. Катерина Тодороска и Емил Јанески, а на предлог на госпоѓа Жанета Делова, Претседателка на Здружението „Тиквешка заедница за напредок и просперитет”, Максим Димитриевски е избран за претседател на политичка партија – Движење ЗНАМ – За Наша Македонија.
За членови на Извршниот одбор избрани се: Генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков.
За членови на Надзорниот одбор избрани се: Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје.