ДУИ од позицијата кога беше на власт ја уништи благосостојбата на граѓаните, предизвикувајќи длабока економска криза. Сега опозицијата се обидува да ги искористи чувствителните случаи за ниски политички поени, создавајќи неизвесност и страв кај граѓаните.
Значи, да ја исполниме зададената мисија да го направиме ова место неиздржливо за живеење. Но, за среќа, ние ВЛЕН сме тие што ги штитиме и се грижиме за граѓаните“ вели ВЛЕН и додава:
Грижата не е само збор туку и дело, а тоа се докажа денеска кога високата одговорност и бескомпромисната професионалност на истражните органи откри случај кој открива многу. Со апсењето на лицето што запали автомобили и објект во Куманово, се открива долгоочекуваната вистина за граѓаните на оваа држава, но и за сите останати.
Со новата Влада, како и секој друг случај, и овој случај беше истражен во рекордно време, што уште повеќе и подобро ја разјаснува ситуацијата. Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален. Но, како резултат на лажниот театар, овој никаде не се појави да подигне сомнеж за да создаде јасен терен неговата партија да одржува прес-конференции и да ги вознемирува граѓаните бидејќи ситуацијата излезе од контрола.
Јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот. Затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат. А ние како ВЛЕН на сегашната Влада ова не го дозволивме и нема да дозволиме никаков сличен обид во иднина.