Во Куманово фатени двајца крадци, ги нападнале и полицајците

by Fokus

Уапсени двајца крадци, кои изминатите неколку дена извршиле повеќе кражби, соопшти Министерството за внатрешни работи.  Според информациите од полицијата уапсените лица, едното од Тетово, а другото од Куманови, кога се приведени во полициската станица во Куманово со остар предмет ги нападнале и полициските службеници.

-Вчера во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе  кривични дела. Вчера во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие Чистота и зеленило и им се заканиле со остар предмет, соопшти МВР.

Истиот ден М.Ј. и Ш.Ш. влегле во угостителски објект на улицата 11 Октомври во Куманово и одзеле чанта.

-На 3 овој месец  се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата Гоце Делчев во Куманово. Кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Поврзани новости