Во Куманово 14 граѓани не го почитувале полицискиот час, 12 приведени

by Frosina Fakova

На подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење во периодот од 21:00 часот на 03.04,2020 (петок) до 07:00 часот на 05.04.2020 (недела), информира МВР.

Оттаму нагласуваат дека се преземени мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

-Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05:00 часот на 06.04.2020 (понеделник). Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, порачуваат од МВР.

Поврзани новости