Во куќата на Трамп пронајдени 14 кутии со документи означени со строго доверливо

by fokus

Американското Министерство за правда објави редигирана верзија на правниот документ врз основа на кој ФБИ изврши претрес во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, Флорида.

Документот за кој станува збор содржи 38 страници, од кои една третина е речиси целосно затемнета, со цел да се зачува интегритетот на самата истрага, но и да се заштитат одредени сведоци и учесници во истрагата. Сепак, документот би можел да понуди детали за наводните криминални активности на претседателот Трамп, поради што е извршен претресот.

Понатаму се наведува дека дури 14 од 15 кутии и вкупно 184 доверливи документи, пронајдени во одморалиштето на Трамп биле означени како строго доверливи, а пронајдени се и други посебни информации кои ги напишал самиот поранешен претседател.

Наведено е и дека има одреден број документи кои Доналд Трамп ги зел од Белата куќа откако престанал да биде претседател, со тоа што подоцна, во текот на овој мај, биле предадени на Националниот архив.

Објавено е и писмо од адвокатот на Трамп, во кое се жали на истрагата и претресот што се случи пред нешто помалку од три недели, со наводи дека Трамп има овластување да ја отстрани ознаката за тајност од пронајдените документи.

Поврзани новости