Во Крушопек приведен дилер, баран за издржување казна затвор од шест години

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес е приведен дилер од Крушопек по распишана потерница, за издржување казна затвор од шест години.

„Денеска (17.08.2023) во 12.30 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода О.Е.(26) од село Крушопек, скопско. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Поврзани новости