Во кражба на марихуана во Крушево вмешан близок роднина на заменик министерот во МВР?

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска откри дека фирмите кои произведуваат марихуана се проверуваат дали се придржуваат кон строгите безбедносни законски обврски, откако вчера беше откриена уште една кражба на произведена марихуана овојпат во Крушево. Украдени биле 60 килограми марихуана од погон за канабис.

Премиерот Заев доби новинарско прашање дали знае дека меѓу приведените за оваа кражба бил и висок роднина на заменик министерот во МВР Назиф Буши.

Поточно премиерот беше прашан: Вчера во Крушево беа уапсени тројца, меѓу кои и македонски државјанин за кои Алсат има информации дека е близок роднина на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши. Ќе разговарате ли со него и ќе побарате ли некаква морална или политичка одговорност за случајот? Или евентуално кривична?

Премиерот Заев пак истакна дека прв пат слуша кој бил инволвиран.

-Сум информиран дека се случуваат вакви девијантни појави. Ова (Крушево) е втор таков случај. Веќе постапува комисијата за издавање на лиценци која направи детална контрола, покрај она што го прави МВР. Јас првпат слушам за кои луѓе се инволвирани. Впрочем, не е важно кои се инволвирани, ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се и со кого се поврзани, важни или неважни личности во државата, рече Заев.

Поврзани новости