Во Козле се лекуваат 4 заразени деца со корона вирусот и уште 7 со симптоми

by fokus

Во болница во моментот се лекуваат 322 пациенти, од активно заразените со Ковид -19. Меѓу нив има и 4 заразени деца, но и 7 со симптоми на вирусот.

-На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 4  мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19, велат од Министерството за здравство.

Поврзани новости