Во ковид во болниците само 164 пациенти, во Скопје примени 4 нови

by Fokus

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти
Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 164 и има околу 490 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 4 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 65 лица сомнителни и потврдени на ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ немало примени пациенти, 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 99 пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 10 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 8 болни, а во Куманово 23 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 15 пациенти, во Прилеп 6, во ковид-центарот во Гостивар 4, а во Струга 78 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и сомнителни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

Поврзани новости