Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани четири нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 75 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од Министерството за здравство.
Според иформациите од Министерството за здравство на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 134 пациенти, слободни кревети има.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 134 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид-центарот во Гостивар 3, а во Струга 9 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 4 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Бројките, како што наведуваат, се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 209 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид-центрите.
-Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, стои во соопштението.