Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на Ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно 10 приеми и тоа шест во ковид центарот на Клиниката за кожни болести и четири пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 10 нови пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од центрите, како што се посочува, се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.
На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симптоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент од кои 14 деца и 27 возрасни.