Вкупно 34 пациенти позитивни на вирусот се хоспитализирани на Ковид-19 одделението во кавадаречката болница, информира директорот на болницата, д-р Диме Коцев.
Нивната состојба била стабилна.
Овој оддел во болницата започна да функционира пред три недели и во два наврати беше проширен, а моментално капацитетот изнесува 40 легла.
Д-р Коцев вели дека се набавиле доволно боци за кислород, искусен медицински персонал се грижи за пациентите, и како нема да остане незгрижен ниту еден пациент за кој лекарските тимови процениле дека му е потребна хоспитализација. Овде се хоспитализираат инфицирани пациенти од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија…
Сепак, апелира на максимално почитување на мерките за заштита, со цел да му се помогне и на медицинскиот персонал кој е во првите редови во борбата со вирусот.
Бројот на инфицирани лица во Тиквешијата изминатите неколку недели драстично се зголеми.
Според вчерашните податоци од МЗ, од почетокот на пандемијата во Тиквешијата се инфицирале 719 лица, а активни се 333 случаи.
Вики Клинчарова