Во Косово уапсен заканувач на премиерот

by Fokus

Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека по наредба на надлежниот обвинител во Приштина е приведен осомничен за закани со насилство и убиство кон премиерот Албин Курти.

„Осомничениот Н.С. испратил закани на социјалната мрежа Фејсбук“, се вели во соопштението.

Н.С. ги повторил смртните закани синоќа во емисијата на ТВ Дукаџини.

Со решение на Специјалното обвинителство му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа, велат оттаму.

 

Поврзани новости