Во Косово уапсен Србин за воени злосторства

by Fokus

Косовската полиција уапси 45-годишен Србин поради сомневање дека во 1999 година извршил воени злосторства во општина Каменица, соопшти специјалното обвинителство во Косово. Тој е осомничен дека како полицаец, во март 1999 година во полициската станица заедно со други припадници на полицијата, со гумени шипки и со нозе го удирал и мачел Б.М кој се здобил со тешки телесни повреди.

Уапсениот со иницијали З.А. е осомничен дека во текот на февруари и март 1999 година учествувал во малтретирање на албански цивили и во протерување и насилно раселување на граѓаните од Каменица и околината. Освен тоа осомничен е и за грабеж и подметнување пожар во куќи на Албанците.

Уапсениот во тоа време би имал 21 година.

Поврзани новости