359
Косовската полиција денеска го привела Алил Демири, кој во Македонија е осуден на доживотна затворска казна за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското езеро.
-Денеска (24.08.2023) полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро, Потврдуваат од МВР за „Фокус“.
Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.