Првичните резултати од локалните избори во Косово покажуваат дека во 17 општини се избрани градоначалници, додека во 21 ќе се одржи и вториот круг на гласање за да се добијат идните „татковици“. Во втората трка за градоначалник останува и главниот град Приштина. Српската листа која имаше кандидат во десет опшини, победи во девет, додека Демократската партија на Косово победи на четири, Алијансата за иднината на Косово на две, и Демократската лига на Косово на две, а Самоопределување на премиерот Албин Курти во ниедна.
Во повеќето општини во вториот круг од изборите одат Самоопределување, ДПК и ДСК.
Според ЦИК, на изборите учествувале 32 политички партии, 33 граѓански иницијативи, една предизборна коалиција и 23 независни кандидати, а се избираат градоначалници и 1.002 советници за 38 општини.
За градоначалници на 38 општини се пријавија 166 кандидати, за советници во Косово се пријавија 5.198 лица, а се гласа на 883 избирачки места со вкупно 2.477 избирачки места.
Од вкупниот број кандидати за советници, 3.261 се мажи, а 1.937 се жени.
Изборите ги следеа повеќе од 25.000 набљудувачи од политички партии, иницијативи, коалиции и претставници на независни кандидати, граѓанското општество, медиуми, дипломатски мисии акредитирани на Косово, како и посебна набљудувачка екипа на Европската Унија.
Излезноста беше 42,8 проценти, а највисока е во општините на северот каде монзинско население е српското со повеќе од 60 проценти, пренесува РТС.