Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

by Fokus

Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот.

Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во светот е регистриран пораст на случаи на заразени со Ковид-19.

„Ковид-19 во Косово бележи тренд на зголемување на нови случаи, но за среќа немаме регистрирано смртни случаи. Институтот континуирано ги тестира и следи сите случаи, контактите на болните во заедницата и лабораториската дијагностика, така што сите лица со главоболка, кашлица, болки во грлото, отежнато дишење, течење на носот, треска и губење на вкусот, се препорачува да се тестира“, се вели во текстот.

Со цел зајакнување на имунитетот и спречување на нови случаи и тешки форми на болеста, НИЈЗК ги советува граѓаните да се вакцинираат.

Во Косово денеска се регистрирани 17 нови случаи на вирусот, а активни се вкупно 80 случаи на зараза. Изминативе денови е забележан пораст на позитивни случаи

Поврзани новости