Во Косово 148 заболени и над илјада тестови за Ковид-19 во изминатите 24 часа

by Fokus

Нови 148 заболени, 56 излекувани и ниеден починат од Ковид-19 се регистрирани во Косово во последните 24 часа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вклучително овие податоци, според статистиките на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), од почетокот на пандемијата во земјата се евидентирани 16.754 носители на вирусот, од кои 14.617 се излекувани, додека 652 починале. Бројката на активни случаи моментно изнесува 1.485.

Според ИКШПК, минатото деноноќие се тестирани 1.028 лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот, со што за прв пат е забележана четирицифрена бројка на извршени тестови.

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај вчера најави дека во наредниот период секојдневно по илјада и повеќе лица ќе бидат тестирани со методот РТ-ПЦР. Вкупно досега, од почетокот на пандемијата, се извршени 79.189 тестирања.

Поврзани новости