59
Како што денеска објави Евростат, годишната стапка на инфлација во февруари е највисока во Естонија, односно изнесува 5 отсто.
Зад неа следуваат Хрватска со 4,7 отсто, па Белгија 4,4 отсто, а меѓу водечките се и Словачка 4 отсто и Летонија 3,6 отсто.
Во целата ЕУ има намалување на инфлацијата, односно во февруари е 2,4 отсто, во однос на 2,5 отсто во првиот месец од оваа година.
Турција која не е дел од ЕУ, има висока инфлација. Годишната стапка на инфлација во државата забави деветти последователен месец во февруари.
Таа достигна 39,05 отсто, паѓајќи под границата од 40 отсто за прв пат од јуни 2023 година, според официјалните податоци објавени денеска. Tурција претходните години имаше инфлација од над 80 отсто.