Во Кочани има три жаришта на корона, бараат мерки како во Куманово

by Frosina Fakova

Кризниот штаб од Кочани бара да се воведат мерки во градот како во Куманово со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Градоначалникот на општина Кочани, Николчо Илијев, да свика итна седница на Општинскиот кризен штаб откако за два дена бројот на заболени од коронавируст порасна на 14 лица.

-Кризниот штаб побара да упатиме писмено барање до надлежните, во Кочани да се спроведат мерките што важат и за Куманово, од понеделник до петок забраната за движење да трае од 16 ч. до 5 ч. Утре ќе побараме од јавниот сектор во целата општина да го искористи до 31 мај остатокот од годишниот одмор за 2019 и првиот дел од 2020 година, онака како што препорача и Владата. Упатуваме апел до сите продажни места, маркети, банки, подобро да ги организираат своите услуги, за да се ограничат можностите за контакт и ширење на коронавирусот, соопшти градоначалникот Илијев.

Според информациите на стручните служби, во моментот во Кочани се евидентирани три жаришта на заразени од ковид-19, од кои едно е во Зрновци. Од нив, во последните 10 дена имало постојано активни лица.

Поврзани новости