579
Кина денеска ги забележа првите два смртни случаи од ковид оваа година, соопшти Националната здравствена комисија.
На веб-страницата на ова здравствено тело е наведено дека лицата починале во регионот Џилин.
Кина забележала два смртни случаи во 2021 година, потсетува Ројтерс.
Џилин, кој се граничи со Северна Кореја и Русија, е во средината на бранот коронавирус, а бројот на случаи во регионот е две третини од сите во Кина.
Од почетокот на пандемијата, во Кина официјално починале 4.638 пациенти, а земјата вчера забележа 2.228 нови случаи.