Во Кина кредитниот рејтинг може да биде намален

by Fokus

Fitchch Ratings објави дека може да го преиспита државниот кредитен рејтинг на Кина А+, што ќе придонесе за растечкиот песимизам за финансиските пазари на земјата.

„Ако Кина дополнително ја поддржува својата економија, би можеле да ја преиспитаме, бидејќи односот на долгот и БДП е малку преголем за рејтинг А“, изјави Џејмс Мекормак од Фич за ТВ Блумберг, додавајќи: „Не би рекол дека го очекуваме тоа, Неодамнешните докази не укажуваат на тоа, но зголемувањето на долгот во корпоративниот и банкарскиот сектор може да стане одговорност на владата“.

Кинескиот стабилен рејтинг А+ е еден од најдолготрајните на Fitch и е на сила од 2007 година, според Меккормак: „Факторите што би можеле да го променат тоа се некој вид зголемување на непредвидените обврски во другите сектори“.

Поврзани новости