531
Официјални лица на Киев синоќа поставија елка во центарот на градот, со порака дека нема да дозволат Русија да го „украде“ Божиќ.
Во понеделникот, серија руски напади беа извршени врз критичната инфраструктура во Киев, но до вечерта во центарот на главниот град беше поставена вештачка елка висока 12 метри.
„Русите се обидуваат да им оневозможат на нашите граѓани нормален живот, но ние нема да дозволиме да им ги украдат најголемите празници на нашите деца – Нова Година и Божиќ“, рече градоначалникот Виталиј Кличко.
Неколку десетици жители излегоа на централниот градски плоштад за да ја видат елката, симболично украсена со гулаби на мирот, со грбот на Украина на врвот.