Во Кичево наскоро ќе се постави привремена ковид-болница

by Fokus

Во кругот на кичевската болница наскоро ќе бидат поставени монтажни објекти за згрижување и третман на лица со Ковид -19 во оваа општина, најави денеска д-р Станко Трпески, директор на Општата болница во Кичево.

„Во соработка со Министерството за здравство, во кругот на кичевската болница наскоро ќе бидат поставени монтажни објекти за третман на дел од болните од ковид 19 од нашата општина. На овој начин ќе им помогнеме на нашите сограѓани кои се инфицирани да бидат згрижени во својот град и да бидат под постојан болнички надзор од овдешните лекари“, рече д-р Трпески.

Според статиститака на Министерството за здравство, заклучно со вчера во Кичево има 116 активни случаи на ковид-19, а од почетокот на епидемијата се регистрирани 247 случаи.

Поврзани новости