Во Казахстан е уапсен поранешниот шеф на Националната безбедност

by Fokus

Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан, Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство.

Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата. Според локални медиуми, приведени се уште неколку други лица блиски до него.

Повеќе детали засега не соопштуваат казахстанските власти.

Поврзани новости