638
Околу сто семејства од социјален ризик во Општина Кавадарци во текот на годината која што изминува добија над 800 пакети со храна и средства за хигиена, односно им беа поделени околу 30 тони храна.
Станува збор за националната акција ,,Нула глад” во која на почетокот на годината се вклучи градоначалникот Митко Јанчев, кој со цел акцијата да биде поефикасна обезбеди простор за складирање на храната, брендирано возило со кое таа се носи до семејствата, и редовно лобираше до бизнис заедницата од градот, да даде свој придонес.
-Банката за храна ќе има единствена цел да овозможи и ги нахрани оние на кои оброкот им е крајно неопходен и го немаат, а притоа да донираат пари и храна фирмите или компаниите кои можат тоа да го направат. Општина Кавадарци се вклучува во овој проект од се срце, влегуваме во 2019 година со грижа за ранливите категории – порача лани, неколку дена пред Новата година градоначалникот Митко Јанчев, кој во таа пригода подели 100 пакети со храна на свои сограѓани, со цел да ги прослават празниците достоинствено.
Кавадарци е еден од ретките градови во регионот и Европа кој го реши проблемот со гладот. Голем број на компании се вклучени во проектот и несебично донираат за семејствата кои што се наоѓаат во незавидна состојба. Акцијата ,,Нула глад” во Кавадарци продолжува и во иднина.
Вики Клинчарова