Во Кавадарци кражба на држачи на кров на паркинг, градоначалникот Панов обвини – Ступидниот закон е крив!

by fokus

Вчера во Кавадарци граѓани пријавиле кражба на на затегнувачи на модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“. Станува збор за кражба на 5 затегнувачи, како и оштетување на металната конструкција која ги држат носечките столбови за горната платформа, што буквално значи дека постои опасност кровот на паркингот да се сруши.

Поради тоа, горната платформа на кровот е затворена, додека изведувачот на работите на модуларниот паркинг не изврши увид во оштетувањето и посочи натамошни мерки за санирање на состојбата со нарушената конструкција.

Од Општина Кавадарци реагираат, и јавно го осудуваат, како што велат, идиотскиот однос на арамиите кои за ситна корист уништувајќи јавно добро, направија штета која може да предизвика несакани последици по граѓаните корисници на модуларниот паркинг.

Општината и градоначалникот Александар Панов го осудуваат идиотизмот со кражбата на затегнувачи и метални делови од модуларниот паркинг.

Доколку не беше ступидното законско решение во време на предизборие да се блокира нормалното функционирање на општината, тогаш ќе беше потпишан договор за јавно приватно партнерство со концесионерот кој доби дозвола за работа од советот на општина Кавадарци.

Во таквата ситуација уште пред нова година општината ќе добиеше регулирано паркирање и 24 часовен надзор над паркингот, а соодветно на тоа немаше да се случи и вчерашната кражба“ – тврдат од општината за локалните медиуми.

Од ПС Кавадарци велат дека недостига грижа и одговорност за она што е на заедницата и градот, па често се уништуваат и клупи, лулки, јавно зеленило во паркот… Изненадени се од смелоста на крадецот, бидејќи можела да му падне гаражата врз глава додека оперирал.

Вики Клинчарова

Поврзани новости