Во Кашмир убиени шест милитанти, полицаец и ТВ новинар

by Fokus

Индиските безбедносни сили убија шест милитанти во Кашмир во изминатите 24 часа, додека екстремистите убија телевизиски новинар и еден полицаец, соопштија денеска локалните власти.

Судот во Њу Делхи вчера го осуди сепаратистичкиот лидер на Кашмир, Јасин Малик, на доживотен затвор поради финансирање „терористички“ активности и други злосторства.

Продавниците и фирмите во Кашмир останаа затворени втор ден по ред поради протестите поради пресудата, додека полицијата приведе 10 лица бидејќи фрлале камења и извикувале разни пароли пред домот на Малик.

Индија и Пакистан држат делови од Кашмир и ја сметаат територијата за своја.

Претежно хинду Индија се бори со вооружено востание во својот дел од регионот од доцните 1980-ти.

– По тројца милитанти на организациите Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба се убиени од вчера во два одвоени оружени судири во Кашмир, изјави началникот на полицијата во Кашмир, Виџај Кумар.

Тој додаде дека во судирите полицијата загубила еден од своите припадници.

Кумар истакна дека милитантите синоќа го убиле и 35-годишниот ТВ водител Амрин Бат.

Поврзани новости