Во Канада вакцината на Џонсон и Џонсон ќе се аплицира на лица над 30 години

by Fokus 08:20
08:20

Научниот комитет, што ја советува канадската Влада за вакцини против коронавирусот, препорача вакцината на Џонсон и Џонсон да се користи кај лица над 30 години.

Таа одлука дојде кратко време откако Данска објави дека целосно се откажува од овој производ поради можни сериозни несакани ефекти, и покрај зелено светло од СЗО и европскиот регулатор.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Во април, регулаторот на САД ја прекина употребата на оваа вакцина по ретки случаи на тромбоза. Франција одлучи да го примени на лица над 55 години слично како и за Астра Зенека.

Каролин Каш, раководител на канадскиот научен комитет, рече дека со оглед на сегашните податоци, се препорачува вакцината Џонсон и Џонсон, како и вакцината Астра Зенека, да се дава на лица на возраст од 30 години и повеќе.

За време на клиничките испитувања, вакцината Џонсон и Џонсон покажала ефикасност од 67 проценти, додаде таа.

Поврзани новости