На наплатната станица „Романовце“, синоќа во 22 часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода А.Ќ.(39) од гевгелиското село Стојаково, затоа што во возилото со кое управувал биле пронајдени 53 лица мигранти.
При контрола на товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитз“, кое го управувал во правецот од Куманово кон Скопје, информираа денеска од МВР, биле пронајдени 53 лица – мигранти, од кои 34 лица од Индија и 19 лица од Куба.
– Исто така, при контролата било утврдено дека на влекачот и полуприколката биле поставени регистарски таблички кои припаѓаат на други возила. Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“, а возачот А.Ќ. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.