580
Полицијата во белгиското пристаниште во Бриж пронајде 23 мигранти во камион ладилник, меѓу кои и три жени. Според првичните податоци, мигрантите се од Еритреја и Судан и се упатиле кон Велика Британија.
Температурата во камионот, наводно, не била повисока од два Целзиусови степени.
На мигрантите им било студено кога излегле од камионот, но сите се во стабилна состојба, објавија локалните медиуми.
Откако кон средината на октомври минатата година во британската провинција Есекс во камион ладилник беа пронајдени тела на 39 починати мигранти, кои исто така поминале низ белгиско пристаниште, пристанишните власти воведоа построги проверки.