609
Цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава се зголемени за 0,4 проценти, а за 17,4 проценти во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување во октомври споредено со септември годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,8 проценти и Безалкохолни пијалаци за 1,5 проценти.
Во периодот јануари-октомври годинава, споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 11,4 проценти, а во однос на декември минатата година зголемувањето изнесува 9,8 проценти.