Во кафеана во Тетово сопственикот и неговите другари биле во друштво на пет 16-годишни девојчиња, на кои им бил даден алкохол

by fokus

Во кафеана во Тетово, при контрола на полицијата биле затекнати девет гости, кои заедно со сопственикот седеле на една маса. Од гостите, пет биле малолетнички, на возраст од 16 години, кои биле послужени со алкохол.

-Во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово. Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци.

Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја. Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости