Во када е пронајден починат 24-годишник во кавадаречко Марена

by Fokus

Момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во 19:05 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство, појаснуваат од СВР – Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани новости