569
За да се прогласи крај на една епидемија треба два циклуси репродуктивни по 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи, ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило во месец август или можеби на почетокот на септември.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.
„Околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови. Во комуникација со матичните лекари, здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите“, рече Филипче.