Повторно во јавноста се појавија неточни информации за содржината на Протоколот меѓу Македонија и Бугарија, кој треба да претставува записник од предвидената заедничка меѓувладина комисија која произлегува од Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, велат од МНР.
Од таму потенцираат дека во јавноста е пласиран текст на бугарски јазик, кој претставува стара и неконечна верзија, како дел од од бројните сет идеи кои во минатиот период се разменуваа меѓу двете министерства за надворешни работи.
„Во овој чувствителен момент, сметаме дека пласирањето на овие неточни информации претставува тенденциозен обид да се наруши процесот на широки консултации за францускиот предлог за отстранување на ветото и продолжување на Европските интеграции на земјава, кој во моментов е во финална фаза во Собранието на Република Северна Македонија“, соопштија од МНР.