844
Во јавни претпријатија што работат во загуба се земаат поголеми плати и од онаа на претседател на држава, рече премиерот Димитар Ковачевски во Собранието.
-Затоа мора да средат состојбите во овој сегмент и администрацијата да биде сервис на граѓаните – рече Ковачевски, повикувајќи ја опозицијата да се вклучи во процесот.
Реплицирајќи му на премиерот, Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека еден од оние за кои говори Ковачевски е поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска.
-Откако си замина од министерската функција влезе во Управен одбор на Телеком и зема поголема плата од Стево Пендаровски – рече Стојановски.