Температура од околу 30 степени Целзиусови е забележана денеска во Шпанија, погодена од топлотен бран кон средината на јануари, соопшти тамошната метеоролошка служба.
Во Валенсија денеска беше 29,5 степени, а во Малага 27,8 степени, соопшти службата, додавајќи дека во околу 400 метеоролошки станици се забележани температури над 20 степени.
Ваквата температура е специфична за средината или крајот на јуни, односно во текот на летото, изјави портпаролот на метеоролошката служба, пренесува Бета.
Според Дејвид Корел, истражувач од Универзитетот во Валенсија, топлината во средината на зимата, која го зафаќа југоисточниот дел на Франција, е предизвикана од присуството на силен антициклон над Средоземното Море.
Шпанија се соочува со се почести топлотни бранови, понекогаш и надвор од летните месеци, што ги загрижува научниците.
Земјата веќе забележа невообичаено висока температура во декември, со максимални 29,9 степени во Малага, што е национален рекорд за месец декември.
Топлотните бранови се случуваат во контекст на силна суша, особено во Андалузија и Каталонија на исток, каде властите воведоа рестриктивни мерки за потрошувачката на вода, по три години слаб дожд.