Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК Битола да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
На прес-конференција во РЕК Битола, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун ќе стигне трансформаторот потребен за работа во грејната сезона што е во тек.
-Трансформаторот за РЕК Битола, Блок-3 имаше одредени проблеми во транспортот, но денес во попладневните часови трансформаторот со брод од Истанбул попладнево ќе биде истоварен во Солун каде што има екипи од РЕК Битола за преземање на трнсформаторот, а потоа утре транспортот ќе тргне кон Битола, односно за два до три денови да стигне на граничниот премин Меџитлија. Подготвени сме да го прифатиме трансформаторот, да се инсталира на својата позиција и да почне приклучок во мрежа кое вообичаено се одвива 14 денови. Тоа значи дека ние кон крајот на месецов или почетокот на јануари, до 10 јануари треба Блок-3 да го имаме во функција во актуелната грејна сезона. Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК Битола да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави Ковачевски.