100
Во израелски воздушен напад загинале двајца палестински новинари, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа, кое го води Хамас.
Мустафа Тураја, хонорарен видеограф кој работел за новинарот на Франс прес и Ал Џезира, Хамза Ваел Дахдух, загинал додека возел, соопшти Министерството. Тураја соработуваше со Франс прес од 2019 година.
Според податоците на Комитетот за заштита на новинарите до крајот на минатата година најмалку 77 новинари, од кои 70 палестински, четворица израелски и тројца либански и медиумски работници се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа на 7 октомври.