Во изминатите 24 часа само тројца пациенти биле хоспитализирани поради компликации од Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 3 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 100 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и еден бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 35 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 48
пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп 9, во ковид центарот во Гостивар 1, а во Струга 10 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 3 во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Поврзани новости