Во изминатите 24 часа починале 6 пациенти заразени со корона вирусот

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 63 заразени со Ковид-19, но и шест пациенти кои ја изгубиле битката со корона вирусот.

-Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.717, бројката на оздравени пациенти е 78.727, на починати е 2.791, а бројот на активни случаи изнесува 9.199.

Поврзани новости